Детонит Плачковица го совлада Силекс во Кратово на „генералката“

Второлигашот Детонит Плачковица денес во Кратово со 1:2 славеше над прволигашот Силекс на „генералката“ пред стартот на пролетниот дел од сезоната.

Радовишани имаат предност од два погодоци 0:2 преку Лука Трајковски и Дамјан Масевски, а до крајот на првиот дел Ади Алиќ погоди за 1:2 на полувреме. Во вториот дел немаше погодоци во Кратово.

Штипскиот стратег Горан Здравков кој е кормилар на радовишани вели дека е задоволен од денешниот меч и од подготовките.

„Во Кратово одигравме добар натпревар со против прволигашот Силекс. Јас сум задоволен од залагањето на фудбалерите на теренот на денешниот натпревар. Позитивна атмосферата кај сите фудбалери во нашиот тим. Имаме добро изработени подготовки, сега ни преостанува тоа да го материјализираме и во првенството“, ни изјави тренерот Горан Здравков.

Детонит Плачковица ќе ги напаѓа местата за Прва лига, а стартува против Новаци, додека пак Силекс отвара дома против Тиквеш и ќе атакува на освојување на титулата.

Александар Ванев, М-Нет