
Десетмина членови на БК Олимпија викендов се на Меѓународен турнир во Грција. Истиот започнува денеска, со конференција, за утре се закажани мерењето, борбите, како и полуфиналето, а неделата е резервирана за големото финале. На Турнирот заминаа Дарко Коцев во категоријата 41 килограм, Лука Николов и Јован Манов во категоријата 57 килограми, Леон Стојанов и Филип Тодоров во категоријата 62 килограми и Христијан Димитириев во категоријата 75 килорами. Од девојките ќе учествуваат Анастасија Трајчева во категоријата 50 килограми и Андреа Нисева во категоријата 54 килограми. Сите ќе се борат во слободен стил, а за грчко-римски стил на борење пријавени се Дамјан Младенов во категоријата 48 килограми и Милан Димчевски во категоријата 65 килограми.
Членовите на БК Олимпија, под водство на тренерите Кире Нисев и Гордан Николов, ќе ги измерат силите со натпреварувачи од Турција, Унгарија, Албанија, Бугарија и Романија.
Ребека Спасова М-Нет