
Недостигот на медицински сестри во штипската Клиничка болница, но и во останатите болници низ државата преставува вистински предизвик за оние кои ја работат оваа професија. Дефицитот на вработени придонесува дел од медицинските сестри во штипската болница да работат по 12, па дури и повеќе часови. Токму заради тоа отежната е посветноста кон пациентите, иако медицинските сестри даваат големи напори за непрекинато функционирање.
„Работниот ден на сестрата започнува од наутро до следното утрео. Работиме 24 часа во смени, бидејќи сме малку на број, има недостаток и се случува некои од нас да рабоотат и по 12 часа. Влегуваме секогаш на работа мислејќи на пациентите, на нивната добробит и работиме со цел за подобрување на нивното здравје. Во моментот нашата професија и во голем дефицит. Недостатсува персонал поради што и самата посветеност кон пациентите е отежната, но даваме се од себе да функционираме како тим со лекарите“ – вели Рогожарска.
Неопходно е ново вработување на медицински сестри во штипската болница. Млади има кои учат средно и високо образование, но бргу се откажуваат и заминуваат на работа во странство. Како што вели Рогожарска мора да се понудат соодветни услови за работа со цел младите да продолжат со работа во државата.
„Младите се пријавуваат, имаме млади луѓе кои учат, студираат. Мој личен став е дека младите многу бргу се откажуваат од самата состојба овде и заминуваат надвор. Цел треба да ни биде да си ги задржиме децата овде, да им понудиме услови за работа, да им овозможиме да дадат допринос во нашата земја, не надвор од неа.“ – додава Рогожарска.
Само минатата година над 2000 месицински сестри заминале од државата. Ова ја покажува алармантноста од недостигот на медицински сестри, а нивната професија станува се потешка, бидејќи нема кој да ја работи.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет