Денес се чествуваат светите бесребреници и чудотворци Козман и Дамјан

Денес, православната црква го чествува празникот посветен на светите бесребреници и чдотворци Козман и Дамјан на кои Бог им дал дарба да лекуваат од секакви болести. Со молитви за мир во светот и здравје на луѓето, денес и верниците на Штип запалија свеќа во црквата посветена на истиоимениот празник во кругот на болницата. Велат дека најважно е да се има здравје и мир, а во болниците како што рекоа да има само новороденчиња.

“Многу здравје, на сите, најпрво на младите, па потоа на нас старите, за да можеме да ви се радуваме. Мир во Македонија. За сите да нема болни, а да има повеќе радост бебиња.“, велат верниците

“Да има мир, среќа, љубов спрема народот, да е се како што треба, мислам да биде мир.”, додаваат верниците

“Бесребреници, тие се биле тоа од Бога, благословени. Па на сите ум и разум, срце полно кон Бога, мир и благодат, тоа е.“, истакнаа верниците

Инаку, Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа, се со цел им оддадат почит на овие светители, а тие ги даруваат со здравје и мир.

Лаура Стојанова, М-Нет