Денес се празнува најголемиот Господов гласник – Св. Архангел Гаврил

Денеска се празнува најголемиот Господов гласник, Св. Архангел Гаврил. Со празнична атмосфера и силна вера, верниците и годинава достојно го одбележуваат празникот.

Почнуваки со утринска богослужба и свеќа во рака, уште рано утринава тие ги посетија храмовите ширум земјава, па и во Штип. Во духот на празникот, тие се поклонија со смирение, запалија свеќи и упатија тивки молитви – за семејна среќа, душевен мир и божја милост. Денес, многумина верници дигнаа панагии, наречени во слава и чест на божјот архангел, а именден ќе празнуваат Гаврил, Габриела, Габи и слично. Инаку, Свети Архангел Гаврил ја соопшти веста за раѓањето на Исус Христос, Тој е симбол на радосните вести, надежта и заштитата на праведните.

Архангел Гаврил, заедно со Архангел Михаил го имаат чинот на серафимите, а серафимите имаат највисок ангелски чин поради што стоеле најблиску до Бога. Св. Архангел е посветен на доброто и давањето, па се верува дека така и луѓето треба да се сетат на своите блиски како и на оние кои имаат помалку од нив.

Од старите иконописи до современите молитви, Архангел Гаврил останува жив симбол на духовната сила која не води низ животот.

Иван Митев, М-Нет