Денес на М Нет Спорт: Кул – Студеничани во 15 часот

Гледачите на телевизија М Нет преку спортскиот канал М Нет Спорт ќе имаат ексклузивна можност да го проследат во живо натпреварот од Четврта лига, односно Општинска фудбалска лига – Кисела Вода меѓу Кул и Студеничани.

Натпреварот од рамки на 3. коло ќе се одигра на стадинот “Цементарница 55” во Скопје, а главен судија ќе биде Марјан Младеновски.

Преносот на М Нет Спорт ќе започне во 15 часот.