
Денес католиците ја одбележуваат Велика Сабота, еден од најзначајните денови во црковната година. На овој ден, верниците посетуваат храмови каде во тишина и молитва се поклонуваат пред Христовиот гроб. Во вечерните часови се пали Велигденската свеќа, чија светлина се пренесува меѓу верниците како симбол на воскресението. Следува Светата воскресна литургија, која се одвива со библиски читања и пофални песни. По литургијата се благословува традиционалната велигденска храна, која верниците ја споделуваат со семејството. Велика Сабота претставува подготовка за Воскресението и симболизира надеж и живот.
„На Велика Сабота црквата е отворена преку цел ден. Преку цел ден, тоа е ден на тишина, ден на очај, ден на мир. Кога верниците доваѓаат во тишина, во молитва се поклонуваат пред Христовиот гроб, па се до вечерта. А најваже ден за нас христијаните е Воскресното Бдение, кое ќе биде во 21 часот, со посебни обреди. Почнува со Воскресното Бдение, потоа започнува светата литургија. Велигден е ден кога љубовта ја покажува својата триофална форма над злото. Велигден е ден кој ни ја носи верата на црквата, смислата наша на постоењето и надежта на човекот. А потоа се пали Велигденската свеќа и со неа се пренесува таа светлина до секој верник, до сите тие кои ги палат тие свеки. И тука со пофални песни, со библијски читања кон Велигденската свека започнува Светата воскресна литургија. Со велигденската свеќа се благословува крсната вода со која пак верниците ги исповедаат својте крсни завети. По светата литургија се благословува пасхалното јадење, масли, сир, јајца, ќе донесат од домовите и тука благословуваме, со кој постоа верниците во семејствата благуваат заедно од него. Во секоја фамилија нека биде мир и нека љубовта на воскреснатиот Исус Христос нека допре до секое човечко срце.“- Отец Столе Ангелов од Католичката црква
Како што истакна Отецот со велигденската свеќа се благословува крсната вода, со која верниците ги обновуваат своите крсни завети. По литургијата се благословува пасхалната храна, која семејствата ја споделуваат во мир и љубов.
Пасхалната храна, благословена и споделена во семејството, ја потврдува надежта, мирот и љубовта што Велика Сабота ги носи со себе.
Дајана Сандева, М-Нет