
Денеска за прв пат во Штип се организираше Лазарева поворка. Лазарова Сабота е голем христијански празник кој се слави во чест на воскресениоето на Лазар, пријателот на Исус. Овој ден се одбележува во Сабота пред Цветници и е од големо значење во православната традиција. Според верувањата Исус го воскреснал Лазар четири дена по неговата смрт, покажувајќи ја својата божествена моќ. Девојчињата со песна денес тргнаа од населба Сењак од црквата Св. Климент и Св. Петка и со песна завршија во црквата Св. Никола во Штип.
„Со радост ја организираме и реализираме лазаревата поворка оваа година и во Штип. За прв пат ја организираме оваа поворка во Штип, со тоа што денес тргнавме од населбата Сењак од црквата Св. Климент и Св. Петка, така што еве сега тргнавме и во црквата Св. Никола во Штип. Исто така сакаме да истакнеме дека оваа Лазарева Поворка оваа година се одржува во неколку градови во Македонија, целта е да го најавиме воскресението Христово преку тоа што ќе пееме за Лазаревото воскресение.“- Милена Ристовска Михајловска
Како што искатна Ристовска Михајловска поворките оваа година ќе се одржат во повеќе градови во Македониија со цел да се најавие воскресението Христово преку пеењето за Лазаревото воскреснувања.
Со песна и молитва, учесниците испратија силна порака за вера, надеж и заедништво. Настанот внесе празничен дух во градот и потсети на значењето на традицијата.
Дајана Сандева, М-Нет