
Гледачите на телевизија М Нет преку спортскиот канал М Нет Спорт ќе имаат ексклузивна можност да го проследат во живо третолигашкото дерби на Северот меѓу БВК Коњаре и Шкендија Арачиново во рамки на 2. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север.
Дерби на две екипи кои ќе конкурираат за првото место кое води во баражот за Втора лига, дерби за освојување на целиот „плен“, дерби за престиж.
Шкендија од Арачиново е новајлија во Трета лига – Север, а во новата сезона како третолигаш тргна со убедлива победа од 3:0 над некогашниот прволигаш Еуромилк. Од друга страна екипата на БВК Коњаре која минатата сезона со Башкими водеше борба за првото место на стартот од новата сезона ремизираше без голови играјќи 0:0 против Аеродром на гостински терен.
Преносот на натпреварот е закажан за денес со почеток од 16 часот.