
Денес се натпреварите од шестата рунда на Втората лига, а гледачите на М Нет телевизија ќе имаат можност да проследат два преноси од шестото коло.
На М Нет телевизија ќе можете да го проследите натпреварот меѓу Кожуф и Детонит Плачковица, дерби кое се игра на Градскиот стадион во Гевгелија каде и двете екипи имаат висок императив за трите бодови. Кожуф со евентуален триумф, а кикс на Брегалница и Арсими може да застане на врвот од табелата во Втората лига, а Детонит Плачковица откако влезе во победнички ритам сака триумф и во Гевгелија и нови три бодови на своето конто. Преносот од Гевгелија ќе започне во 14 часот.
На М Нет Спорт ќе можете да го проследите натпреварот меѓу Вардарски и Македонија ЃП, меч кој се игра на Градскиот стадион во Богданци, каде повратникот Вардарски ќе се обиде да направи изненадување против ланскиот прволигаш Македонија ЃП и со тоа да стигне до прво сезонско славје. Фаворит е тимот на Македонија ЃП, кој мечот со Новаци го загуби службено, па повеќе од јасно е дека „лавовите“ одат по три бода. Преносот од Богданци ќе започне во 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет