Денеска е најблагиот ден во годината, најмалите ги добиваат првите обетки

Денешниот празник познат кај народот како Благовец остава со себе носи и низа страи верувања кои се практикуваат и денеска. На пример во минатото на овој дел на малите деца има ставале обетки, денеска традицијата се продолжува. Златарите во Штип имаа работа, велат денеска родителите ги носат своите дечиња да им стават обетки, бидејќи се верува дека болката ќе им биде поблага.

„Се уште се практикува на денешен ден на малите деца луѓето да ставаат обетки. Доаѓаат, почнавме веќе денес да ставаме обетчиња. Обетките треба да се носат барем еден месец, а може и подолго“ – кажа Гаврилов.

Самиот процес на ставање на обетки не е болен или поточно кажано зависи од тоа колку ќе е мирно детето, додава Гаврилов. Истото важи и за несакани инфекции и кога истите може да се појават.

„Тешко и болно. Па кога работите со мало дете не е едноставно. Не е многу тешко доколку детето се држи исправно, главчето му се држи право, доколку не мрда детето“ – додаде Гаврилов.

Повозрасните граѓани во Штип велат самиот бразник Благовец значи блага вест па одовде и обичајот да се стават обетки на малите деца токму на овој ден.

На овој ден освен што се на децата им се ставаат обетки, се верува дека ако се засадт тикви истите ќе бидат благи, на овој ден се враќаат птиците преселници дури и ако врне снег.

Лаура Стојанова М-Нет