Денеска е Велика Сабота – ден за последни подготовки пред големиот празник Велигден

Денеска е Велика Сабота, ден за последни подготовки пред најголемиот христијански празник Велигден. Иако некои Велика Сабота ја доживуваат како обичен ден, овој ден всушност има посебна тежина – тоа е време на последни подготовки пред најголемиот христијански празник, Воскресението Христово.

Во домовите се чисти, се готви, се подготвуваат традиционални јадења, а атмосферата е исполнета со тишина, смиреност и духовно исчекување. Според народната традиција, Велика Сабота е ден и на обичаи.

Вечерта, околу полноќ, верниците се собираат во црквите. Секој носи црвено јајце, Свеќата ја палат од свештеникот и ја носат дома, каде што со неа го палат домашниот оган – симбол на живот и благослов.

На полноќ, со тропарот „Христос воскресе“, верниците трипати ја обиколуваат црквата. Потоа следува литургијата, причестувањето и симболичното кршење со црвените јајца – обичај што го означува крајот на постот и почетокот на радоста.

Дајана Сандева, М-Нет