Денеска без вода дел од општината Гази Баба

Поради промена на затворач и надземен хидрант на улицата Коце Металец бб (последна 16-ка), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици:

Коце Металец, Зеничка, Тајмишка, дел од улицата Филип Филиповиќ и дел од улицата Гемиџиска (општина Гази Баба).

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, известуваат од ЈП Водовод и канализација.

Текстот Денеска без вода дел од општината Гази Баба е превземен од МАКФАКС.