Дел од Македонија утринава се разбуди со снежна покривка, врнежите од снег на планините продолжуваат

Дел од Македонија утрово се разбуди со снежна покривка. Падна првиот снег на Пониква, а снежна покривка има и на повисоките места во Берово и Делчево. На пониските места, како и во Штип врнежите денеска се претежно од дожд, а така ќе продолжи и во наредните неколку денови.

„Утринава насекаде времето беше претежн облачно со повремени врнежи кои што на некои од повисоките места како во источните делови од државата така и во целата земја преминуваа во снег. Во штипскиот регион беше претежно облачно време, минималната температура се спушти до минус 1 степен. Дневната температура е во интервал од 4 до 12 степени.“ – вели Аврамовска.

Врнежите ќе се задржат и во текот на работната недела велат од УХМР. Додаваат дека од среда се очекува покачување на дневните температури со што врнежите од снег ќе бидат претежно врнежи од дожд. Исто така минималната утринска температура од среднита на оваа недела во овој регион ќе бидат над нулата.

„Следува период до крајот на работната седмица на променливо облачно време. Ќе се наоѓаме под влијание на циклонска активност која ќе ни носи чести периоди со врнежи од дожд, а на повисоките места и планините од снег. Од среда ќе чувствуваме мало затоплување во однос на температурите што ќе придонесе врнежжите да бидат од дожд.“ – додава Аврамовска.

Утринава снежни наноси имаше и на патот од Пробиштип кон Кратово, со што имаше забрана за движење на тешки товарни возила. Од АМСМ препорачуваат внимателно возење и прилагодување на ограничената брзина.

Лаура Стојанова М-Нет