Дел од градоначалниците од Истокот Нова година ќе ја дочекат во домашни услови

За најлудата ноќ сите се подготвуваат различно. Дел од граѓаните се во домашна атмосфера, друг дел веќе имаат резервации во угостителски објкети. Секој според своите можности. Каде ќе ја дочекаат новата 2022 година гипрашавме и делод градоначалниците во Истокот од државата. Градоначалниците на Штип, Кочани, Карбинци и Пехчево велат дека најлудата ноќ ќе ја поминат во домашна атмосфера во кругот на потесното семејство. Посебни подготовки немаат.

Првите луѓе на оптшините од Истокот им посакаа на своите сограѓани пред се здравје, среќа и исполнување на желбите кои не се реализирани од претходната година.

Ова е втора нова година која се дочекува во време на пандемија. Во нашата држава нема дополнителни рестрикции за заштита од ковид 19 освен засега постоечките. Угостителските објекти работат, а дочек на Нова година на плоштадите во градовите од Истокот нема организирано за сега.

Лаура Стојанова М-Нет