Делчевски Патриот со нов пораз, шампионот Баскет Кам од М. Каменица го доби дербито со Крива Паланка

Третото коло во Првата женска кошаркарска лига го донесе и големото дерби меѓу конкурентите за титулата – шампионот Баскет Кам го доби дербито со Крива Паланка на гостински терен со резултат од 70:83 со што тимот од Македонска Каменица е максимален по три кола.

Тимот на Патриот од Делчево го запиша третиот пораз во низа, откако овој пат загуби на гостувањето кај Пробаскет со резултат од убедливи 91:53.

Највозбудливиот натпревар го одиграа Вардар и МЗТ Скопје во меч каде домаќинот Вардар со само два поени разлика го доби мечот односно славеше победа со тесни 55:53.

Бадел на свој терен убедливо го совлада тимот на Спорт Тим со високи 73:53 односно 20 поени разлика.

Во однос на самата табела Вардар и Баскет Кам имаат максимален учинок три од три и шест бодови, по пет бодови имаат Крива Паланка, Пробаскет и Бадел за делба на третото место.

Тимот на МЗТ Скопје е на шестото место со три бодови, а толку има Спорт Тим и Патриот, всушност овие три екипи имаат по три порази и натаму чекаат за позитивен резултат.

Александар Ванев, М-Нет