
Девети ден по ред трае борбата со огнената стихија на планината Готен. Двата крака на пожарот, страната од Василево иод беровска страна делумно се ставени под контрола, велат од Национални шуми. Се прави заштита со механизција со цел целосно да се заштити местото и трасата каде се прошири и се движи овој пожар.
„Состојабата со овој пожар е следна, оваа страна каде во моментот се наоѓам јас е страната од Општина Василево и овде со механизација направивме заштитен појас кој буквално го затвори овој крак. Што значи пожарот од страна на Василево на некој начин е ставен под контрола. Пожарот и на беровската страна во тек на целата ноќ се работело и таму сме при крај и конечно во текот на овој ден и тој дел ќе биде ставен под контрола.“ – вели Михаилов.
Ризично е од страната на Радовиш и таму се насочени поголем дел од капацитетите за по девет дена да се локализира пожарот на Готен. Денеска се очекува и поддршка од воздух.
„Единственото место кое е се уште ризично и останува наша приоритетна цел е кракот над Радовиш. Таму во моментот работи и механизација, имаме и доста копнени сили. Во секој момент очекуваме помош од воздух.“- додава Михаилов.
Со специјализирани возила за гасење на пожари се работи за истиот да се стави под контрола.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет