Деа е првото родено бебе во Клиничка болница Штип, прво во семејството Стојковски од Македонска Каменица

Малата Деа е првото родено бебе во 2024 година во Клиничка болница Штип. На свет дојде на 1 Јануари во 17:55 часот, на Одделот на Гиникологија и акушерство при КБ Штип. Прво бебе е во семејството Стојковски од Македонска Каменица. 29 годишната Лора, вели дека чувството е прекрасно кога за прв се пронаоѓаш во улога на мајка.

Мајката е породена со царски рез, но и таа и бебето се во добра здравствена состојба. Родено е 3400 грама и 49 сантиметри.

„Породена е на 1 јануари во 17:55 часот, живо женско бебе 3450 грама, 49 сантиметри долго. Прво детенце на фамилијата, мајката и бебето се во добра состојба.“ – вели Атанасова.

Традиционално и оваа година првороденото бебе во КБ Штип го посетија градоначалникот Иван Јорданов и директорот на болницата доктор Ален Ѓеоргијев. Им поскаа добро здравје и на мајката и на бебето, со надеж дека годинава бројот на родени бебеиња во Штип ќе порасне.

„Ја посетивме родилката, мајката која го донесе на свет првото бебе во Клиничката болница Штип. Им посакавме добро здравје, бериќет, мир, благосостојба во сеемјството. Да посакаме бериќет и во градот Штип, да се раѓаат многу деца овде оваа година.“ – вели Јорданов.

„На мајката да посакмае здравје, среќа, на малечкото среќно и безгрижно детство. Да се надеваме дека ќе има многу бебиња, првороденото е женско бебе. Еве денеска на 2 Јануари имаме веќе породено три бебиња.“ – вели Ѓеорѓијев.

Инаку, првото бебе во Штип се роди во приватна установа, седум минути по полноќ на 1 Јануари.

Лаура Стојанова М-Нет