
Две физички пресметки на Градскиот пазар во Штип биле пријавени во текот на вчерашниот ден во СВР Штип. И во двете тепачки биле вклучени лица од село Баница.
Првата физичка пресметка се случила вчера во 06.20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја привеле Д.Р.(39) од с.Баница, струмичко, поради тоа што на Градскиот пазар во Штип, по претходна расправија, физички ја нападнала И.Б.(21) од с.Баница, струмичко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Втората се случила неколку часови подоцна. Во 09.35 часот во СВР Штип било пријавено дека на Градскиот пазар во Штип бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Б.(21) и М.Б.(24) од една страна и Д.Р.(39) и И.Р.(46) од друга страна, сите од с.Баница,струмичко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.