Две линеарни зголемувања на пензиите, едното во септември другото во март

Најавеното линеарно зголемување на пензиите ќе почне да се реализира од септември посочи премиерот Христијан Мицкоски. Најавени се две линеарни зголемувања и тоа најпрво во септември каде зголемувањето ќе изнесува 2,500 денари а другото во март со уште 2.500 денари.

„За зголемувањето линеарно кое што е предвидено во септември месец, ќе имаме две линеарни зголемувања најверојатно ќе биде ова потврда во текот на утрешниот ден или ден потоа. Ќе имаме две, едното со нивелирањето сега во септември линеарно зголемување 2.500 денари и другото ќе биде во март уште 2.500 денари. “ изјави Мицкоски

За да се обезбедат овие зголемувања Мицкоски посочи дека треба да се обезбеди ребаланс на буџетот за 2,5 милијардни денари или четириесет милиони евра. Како и дополнителна подготовка на 2,5 милијарди денари кои веќе се подготовени. Исплатата на пензиите по линеарното зголемување ќе се исплаќаат во октомври, ноември и декември.

„Најпрво треба да обезбедиме со ребалансот 2,5 милијарди денари тоа е околку четириесет милиони евра за тековните пензии. И уште дополнителни 2,5 милијарди денари се подготвени за ова првично зголемување сега кое што ќе биде во септември. За овие три месеци. Односно септември, октомври и ноември бидејќи пензиите ќе се исплаќаат во октомври, ноември и декември.“ посочи Мицкоски

Со двете линеарни покачувања на пензиите практично ќе заврши  ветувањето за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари во првата година ќе биде и порано исполнета, посочи Мицкоски.

Лаура Стојанова, М-Нет