Две европски држави ќе инвестираат во КБ Штип, премиерот со став ветеното да биде испорачано

КБ Штип претставува приоритет и понатаму за владата. Премиерот Мицкоски во денешната посета на Штип истакна дека владата е во завршни преговори со две многу моќни европски држави со кои ќе се потпише договори во кои ќе бидат опфатени неколку проекти во кој спаѓа и КБ Штип. Додатно истакна дека тоа што тие го велите пред граѓаните, тоа и ќе го испорачаат.

“За браната Отиње, тој е тековен проект, но што се однесува до КБ Штип мислам дека македонските граѓани ќе имаат едно големо пријатно изненадување што се однесува до здравствениот сектор во овој прв квартал од оваа година. Рековме дека во завршни преговори сме со две многу моќни европски држави со кој што имавме намера да потпишеме меѓународни договори во кој што ќе бидат опфатени неколку проекти за финансирање во делот на транспортот и инфраструктурата, дигитализацијата и здравствто. Тоа што сме го велите и кажале пред македонските граѓани, тоа и ќе го испорачаме. Ветивме дека стандардод и економијата се наш прв прироритет.“, вели Мицкоски

Општина Штип е одлично подготена со преоекти, а градоначалникот одлично ја врши работата, додава Мицкоски

“Овде во Штип уште на самиот почеток од мандатот и во околината на општина Штип најавивме еден голем проект во енергетиката, половина милијарда долари инвестиција, а тоа е ветерниот парк, а се разбира дека овде спагаат и Карбинци и Радовиш. Мандатот го започнавме пред КБ Штип, која претставува наш прироритет. Општината е одлично подготвена со проекти и Иван заедно со администрацијата одлично си ја врши работата. „, додава Мицкоски

Она што посебно го истакна премиерот Мицкоски е тоа дека стандардот и економијата е нивниот прв приоритет, како и тоа дека многу наскоро граѓаните ќе бидат пријатно изнеадени со новите предвидени проекти.

Лаура Стојанова, М-Нет