
Репрезентативната пауза завршува, викендот продолжуваат возбудувањата во Втората македонска фудбалска лига со мечевите од 7. коло, кое коло носи натпревари кои може да решаваат многу работи на табелата.
Во Кочани ќе се игра дуел на две екипи кои сезонава повеќе од јасно ќе ги очекува тешка борба за опстанок во шампионатот. Осогово ќе го пречека Еуромилк ГЛ, во дуел каде „жетварите“ ќе ја бараат дури првата сезонска радост, а пак „лисиците“ во Кочани доаѓаат по втор сезонски триумф, но и можност да се напушти дното од табелата за првпат.
Мечот е од капитална важно, Осогово со пораз ќе влезе во многу комплицирана ситуација, а пак Еуромилк со триумф има можност да прогресира на табелата и да фаќа приклучок за висок пласман.
Исклучително важен меч ќе играат Новаци и Тетекс, ова ќе биде дуел каде со победа и едни и другите ќе се одлепат од опасната зона и ќе може да направат скок од неколку позиции на табелата и пополека да се зацврстуваат во средишниот дел од табелата.
Македонија ЃП ќе гостува кај Шкупи каде гледа идеална шанса за враќање на победите по поразот од Работнички, но со тоа „лавовите“ да бидат сигурни во средината од табелата, а пак тимот од Чаир ќе се обиде дури во седмото коло да бара прв триумф и први бодови.
Работнички на домашен терен го очекува неизвесен дуел против дебитантот Камјани, бодовите се од капитална важност и за двете екипи. „Романтичарите“ кои имаат натпревар помалку тој од петтото коло со Брера ќе сакаат три бодови со цел да може да го напаѓаат првото место на нивниот пат кон експресно враќање во елитата, а пак Камјани, кој како дебитант одлично се прилагоди во Втората лига со три бода ќе мож да прави притисок за позициите од горниот дел.
Во Радовиш ќе се игра дуел за излез од резултатската криза, каде Детонит Плачковица по трите порази во низа ќе мора да најде начин за триумф бидејќи ќе влезе во уште покомлицирана работа, ако Кожуф ти освои трите бодови, во случај на позитивен резултат и за Тетекс и Еуромилк.
Кожуф кој остана без тренер ќе сака три бодови од Радовиш и со тоа да биде во топ осум зоната.
Седмото коло носи и две дерби пресметки. Лидерот Охрид на домашен терен ќе се соочи со одличната Брера, дуел каде трите бодови ќе биде опција и за двете екипи. „Рибарите“ ќе сакаат цел „плен“ и со тоа да останат на врвот од табелата, додека пак струмичани ако слават на „Билјанини Извори“ ќе бидат во ситуација да избијат на врвот од табелата или да бидат втори, а од тоа ќе зависи ситуацијата во Струмица каде ќе се игра другото дерби.
На стадионот „Благој Истатов“ ќе се одигра дербито меѓу Беласица и Пелистер, два поранешни прволигаши во битка за три бода. Беласица е со четири ремија во низа и на победа чека од 22 август, додека пак Пелистер е со четири победи во низа и се наоѓа на второто место.
Стумичани со победа ќе избијат барем до трето место, или ќе останат сигурни во топ четири, а пак Пелистер ќе го загуби второто место, ако Брера и Работнички стигнат до позитивни резултати.
Александар Ванев, М-Нет