Два случаи на семејно насилство во Штип и Радовиш, приведени двајца мажи

Два случаи на семејно насилство се регистрирани во Радовиш и Штип, при што полицијата лишила од слобода две лица.
Во Радовиш, на 7 август во 17:25 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода 51-годишниот З.Р. од Радовиш. Интервенцијата следувала по претходна пријава дека тој агресивно се однесувал кон неговата 51-годишна вонбрачна сопруга.
З.Р. бил задржан во Полициската станица Радовиш. За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Само неколку часа подоцна, во Штип е регистриран уште еден случај со семејно насилство.
На 8 август во 03:45 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 63-годишниот Ш.К. од Штип, по претходна пријава дека на 7 август во својот дом со тврд предмет ја нападнал неговата 59-годишна сопруга.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
И во двата случаи постапката продолжува под надлежност на институциите, кои треба да ги утврдат сите околности поврзани со пријавените настани.