Два милиони денари за КК „Соколи“ и 80 илјади денари за ЖРК „Астибо“ одвоени од Буџетот на Општина Штип

Два милиони денари од ребалансот на Буџетот добива кошаркарскиот клуб Соколи Штип, а 80 илјади денари Женскиот ракометен клуб Астибо Штип. Овој клуб претходно немаше средства од Буџетото на општината бидејќи не извршувале никакви активности, но сега се впишани во Супер лигата. Едногласно од тројцата присутни членови на комисијата за финиасирање, утринава беа изгласани овие предложени одлуки. Средствата кои се доделуваат од Буџетот на Општина Штип се пари останати од незавршени проекти.

„Во врска со точката за спорт, кошаркарскиот клуб Соколи се донира два милиони денари, а додека на Астибо 80 илјади денари.“ – кажа претседателот на комисијата Владко Захариев.

Истовремено зголемен е Буџетот за до крајот на годината и на ЈП „Стипион“ и „Исар“. Зголемувањето на средствата за ЈП „Стипион“ се за реконструкција на патишта и улици, а на ЈП„Исар“ за програмата паркови и зеленило.

„Во врска со точката за „Стипион“ е зголемен Буџетот од 23 милиони на 26 милиони денари, тоа е за реконструкција на патишта и улици, додека на ЈП „Исар“ Буџетот се зголемува од шест на 12 милиони денари и тоа средстванаменети за паркови и зеленило“ – додаде Захариев.

За оваа тековна 2021 година ова е втор ребаланс на Буџетот на Општина Штип. На денешната комисија за финансирање на дневен ред имаше десет точки, со што првта точка не се разгледуваше за именување на Заменик претседател бидејќи не присуствуваа сите членови.

Лаура Стојанова М-Нет