Дванаесет возачи лишени од слобода, меѓу нив и малолетник – возеле без дозвола, пијани или со забрана

Дванаесет возачи во текот на изминатото деноноќие биле лишени од слобода на територијата на целата држава поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од нив, седум возачи управувале возило без возачка дозвола, а меѓу нив бил и еден малолетник. Еден од возачите бил фатен како управува под дејство на алкохол.

Дополнително, полицијата лишила од слобода уште тројца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, додека двајца возеле и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување.

„Со одговорно однесување сите заеднички придонесуваме за поголема безбедност во сообраќајот“, порачуваат од МВР.

Текстот Дванаесет возачи лишени од слобода, меѓу нив и малолетник – возеле без дозвола, пијани или со забрана е превземен од МАКФАКС.