Да се вратат забавиште и осмолетка, да се укине деветолетка, бараат штипјани за повеќе време за детство

Да се вратат осмолетката и забавиштето, а да се укине деветолетката, бараат штипјани. Граѓаните велат дека децата прво треба да бидат забавачиња за да се подготват за училиште, а потоа да продолжат од прво до осмо одделение. Според нив, децата денес премали тргнуваат на училиште, па наместо да се оптоваруваат со училишни обврски, треба да имаат повеќе време за детство.

Словенија најавува голема реформа во образованието, со која сегашната деветолетка ќе биде заменета со нов, современ осумгодишен модел. Промените се планира да започнат од учебната 2028/2029 година.

Каков модел е најсоодветен за образованието останува отворено прашањето. За граѓаните, најважно е реформите да бидат во интерес на учениците – со повеќе знаење, подобра подготовка и повеќе време за детство.

Ева Тушевска, М-Нет