
По десетина крвни единци секојдневно се собираат во Институтот за трансфузиона медицина Штип. И надвор од крводарителските акции, граѓаните секојдневно даруваат крв и придонесуваат да се спаси човечки живот. Доктор Мери Шорова вели институтот може да се пофали со задоволителен број собрани крвни единци во претходниот период, а крводарителска акција е закажан и за утре во средното медицинско училиште во Штип.
„Во нашиот регионален центар во Штип посетенсота секојдневно е на завидно ниво. Секој ден околу десетина крводарители редовно даруваат крв и заедно со крводарителските акции ги задоволуваме потребите на нашата болница, но и на целиот регион кој го опфаќаме. Утре на крводарителската акција во средното медицинско училиште во Штип очекуваме да се соберат задоволителен број единици крв“ – кажа Шорова.
Се зголемува и бројот на млади лица кои за прв пат се запишуваат како крводарители, а зголемен е и бројот на жени кои даруваат крв, додава Шорова.
Крводарителски акции се спроведуваат често во соработка со Црвен крст Штип, со што потребите за крв се задоволуваат, истакна во денешната прилика доктор Шорова.
Лаура Стојанова М-Нет