
Ѓубрето од депониите во Карбинци завршува на депониите во Штип. Според информации на М-Нет телевизија, камиони полни ѓубре од карбинските депонии се депортирале на депонијата Трештена скала во Штип.
Од Јавното претпријатие „Исар“ ова го демантираат. Директорот Трајн Коцев вели дека обид имало пред еден месец ама не било дозволено ѓубрето да се остави на депонијата во Штип.
Градоначалникот на Општина Карбиници пак вели има склучено договор со приватна фирма и тие го носат ѓубрето. Каде завршува ѓубрето од карбинските депонии конкретно не знае ниту директорката на ЈП „Плачковица“, Елена Коцева. Според неа приватната фирма има обврска да го чисти ѓубрето од депониите и да траспортира истото.
„Ѓубрето од карбинските депонии се расчистува преку проект преку кој изведувач е приватна фирма и тие се одговорни за расчистување на истото. ЈП Плачковица сѐ уште ѓубрето го исфрла на депонии кои се на територија на Општина Карбинци се до целосно расчистување на истите. По расчистување на депониите во Општина Карбинци овде ќе има само претоварна станица од која ѓубрето ќе се носи на претоварна станица најверојатно во Штип, а оттаму на депонијата во најава на територија на Општина Свети Николе“ – вели Коцева.
Од ЈП „Плачковица“ Карбинци истакнаа дека засега се користи депонијата во село таринци каде се фрла целото ѓубре од територија на општината. Додаваат дека ова ќе се практикува се додека не се изгради новата регионална депонија во Свети Николе и ќе почне ѓубрето да се депонира таму. Истовремено посчуваат дека уште од претходната година Општина Карбинци започна со чистење на депониите и создадените мини депонии со цел да се зачува чиста живтоната средина.
Лаура Стојанова М-Нет