Дали повисоките температури значат и повисоки сметки за струја за граѓаните во текот на летните месеци?

Дали повисоките температури значат и повисоки сметки за струја за граѓаните во текот на летните месеци? Имајќи предвид дека климите речиси и не се исклучуваат од почетокот на летото, граѓаните велат дека сметките засега се пристапни и во рамките на очекуваното. Дел од нив дури готват на плин на терасите, за дополнително да не ги загреваат домовите и да не ја оптоваруваат климата. Велат дека и покрај високите температури, внимаваат на потрошувачката и се обидуваат да заштедат каде што можат

Но, од другастрана и за да заштеди, но и да се помине периодов повеќе економично, дел граѓани ги проветеруваат просториите рано наутро, потоа ги спуштаат ролетните. Така велат, заштедуваат повеќе.

Граѓаните велат дека дополнително им помага и тоа што имаат инвертер-клими, кои трошат помалку електрична енергија. Според нив, поисплатливо е климата да работи подолг период на одржување на температурата, отколку постојано да се исклучува и повторно вклучува. Велат дека со таквиот начин на користење успеваат да заштедат, бидејќи честото исклучување и повторното разладување на просторот, според нивното искуство, би значело и значително повисока сметка.

Иван Митев, М-Нет