ГФК Тиквеш го повлече дресот со број 16 во чест на Андреј Лазаров

Прволигашот Тиквеш од Кавадарци донесе одлука со која го повлече дресот со број 16 во чест на Андреј Лазаров, кој го загуби животот големата трагедија која се случи во Кочани, каде животот го загубија 59 лица.

„Во чест и знак на благодарност за Андреј Лазаров, фудбалер и голем херој кој со своите настапи многу придонесе за успесите на нашиот клуб, дресот со број 16 кој тој го носеше во ГФК Тиквеш, трајно се повлекува од употреба и ќе остане како траен белег да ги краси клубските простории за негов вечен спомен“, се вели во соопштението на клубот од Кавадарци.

Лазаров последно настапуваше за Шкупи, претходно беше дел од Тиквеш, Работнички и Металург, а во странство настапуваше за екипите на Горица и Рудеш од Хрватска.

Последниот натпревар Лазаров го одигра во саботата во рамки на 24. коло на ПМФЛ против Пелистер.

Александар Ванев, М-Нет