
Со драстичен пораст на заболени од грип започна новата година, најмногу деца на возраст од 5 до 14 години. Болниците и амбулантите се полни, дури за 5,2 пати бројот е поголем од лани. Како што соопштуваат од институтот за јавно здравје, во моментот има 1725 случаи заболени од грип, бројка која е за 38,7 проценти поголема за последните 15 сезони.
,,Во Македонија се пријавени 1725 случаи на групни пријави на заболени од грип или заболувања слични на грип, што е за 2,2 пати повеќе во споредба со претходната година, кога бројот на пријавени лица бил 771, тоа е во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела во споредба со истата оваа недела минатата сезона, кога бројот бил 331 е зголемен за 5,2 пати, а во споредба со истата оваа недела во последните 15 сезони зголемувањето е за 38,7 проценти. Пријавената инциденца е над неделната граница на средна активност на вирусот на грип на национално ниво. Во однос на возрасната дистрибуција 749 лица се на возраст помегу 15 и 64 години, 618 се деца на возраст од 5 до 14 години, 229 се деца од 0 до 4 години и 129 над 65. Највисока инциденца е регистрана кај децата од 5 до 14 години.“, рече Андоновска
Но, овде ситуацијата не се очекува да се стиши. Пикот го очекуваат втората половина на јануари, како и првата на месец февруари.
,,Можеме да издвоиме дека се забележува значително зголемување на бројот на инциденцата на заболувања слични на грип на неделно ниво. Во текот на првата недела од 2026 е регистрирана за прв пат средна активност на грипот на национално ниво. Согласно овие податоци во Македонија има висок интезитет на вирусот на грип со очекување натамошно зголемување во следниот период. Ова е очекувано според празниците, со многу прослави и собирања, ова е очекувано. Пикот го очекуваме да биде во втората половина на овој месец и во првата половина на февруари со враќањето на децата во училиште.
За да се намали бројот, од тука посочуваат дека е потребно пациентите да останат дома, да не се оди на работа, да не се оди на училиште, да не се носат децата во градинка. Не само за преносот, ова е важно и за самите болни. Треба да посетат матичен лекар, да ја пијат терапијата и да не се изложуваат во средините каде што се движат лугето. Да се проветруваат просториите, да се прима многу витамини и чаеви.
Иван Митев, М-Нет