Граѓани повикуваат вечерва да се остават улиците празни еден час во чест на жртвите во Кочани

Граѓани повикуваат денеска од 20:00 до 21:00 часот да не се излегува надвор и да се остават улиците празни во сите градови и села, во чест и сеќавање на сите жртви од несреќата во Кочани.

Денеска беше најтажниот ден за Македонија, денеска беа испратени до вечните почивалишта сите 59 жртви од дискотеката во Кочани.