Градоначалникот Јорданов со честитка по повод Националниот ден на Власите – 23 Мај

По повод Националниот ден на Власите 23 мај, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов упати честитка до влашката заедница, потенцирајќи ја нивната значајна улога во развојот на локалната заедница и во зачувувањето на културното богатство на државата. 

„На овој значаен ден упатувам искрени честитки до сите припадници на влашката заедница. Вашата истрајност во негувањето на јазикот, обичаите и традицијата претставува вистинска вредност за нашето мултикултурно општество. Како Општина, остануваме посветени на поддршката за сите активности што придонесуваат за зачувување и афирмација на влашкиот идентитет“, изјави градоначалникот Јорданов. 

Тој додаде дека Општина Штип препознава и вреднува се што влашката заедница историски вложила и продолжува да вложува во изградбата на заедништво, почит и соживот.  „Да продолжиме заедно да создаваме средина во која секоја етничка заедница ќе биде рамноправно вклучена и ќе има глас и можност за напредок, нека 23 Мај биде ден на гордост, видливост и уште поголема поддршка за влашката заедница во сите сфери на општеството“, додаде Јорданов. 

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет