Градежен бум од наредната недела започнува во Свети Николе

Од почетокот на наредната недела започнува градежен бум во Свети Николе. Со реконструкција на улици и патишта, уредување на детски игралишта со нови содржини како и реконструкција на улицата во индустриската зона ќе се подобри квалитетот за живот на граѓаните во Свети Николе и околните села, посочи денеска градоначалникот Дејан Владев.

„Со реализација на улицата во село Амзанбегово, ќе почне и работа асфалтирање на улица во село Пеширово. Паралелно се работи за изградба на детски катчиња, однонсо на сите маалски игралишта во Општина Свети Николе и по селата ќе има нови содржини, со нови лулашки, кантички, клупички. Потоа продолжува со индустриската зона“ – вели Владев.

Ќе се работи и на доуредување на паркот како и кејот покрај реката, а ќе се зголеми и бројот на паркинг места во општината. Владев посочи дека ќе се работи и инвестира и во спортот. По долги години село Мустафино во 21 век ќе добие модерна канализација.

Општина Свети Николе е една од најдобрите во Македонија со оглед на големината на општината и Буџетот со кој располага, истакна потпреседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски кој беше во Свети Николе. Додава дека градежниот бум ќе придонесе за подобра начин на живот.

„Ме радува што во следниот периодк ќе се работи на речното корито како и на патеката, а доста се инвестира и во руралните средини. Се работи за еден голем градежен бум и Општина Свети Николе е една од најдобрите во Македонија“ – вели Николоски.

Владев во оваа прилика потенцираше дека новата населба во Свети Николе ќе биде модерна, градена по модерни стандарди, за кавалитетот гарантира, а се надева дека граѓаните ќе бидат задоволни.

Лаура Стојанова М-Нет