Гоце Седлоски промовиран за нов селектор на македонската репрезентација: „За мене ова е голема чест“

Денес и официјално беше промовиран новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски, кој доаѓа како наследник на Благоја Милевски.

Седлоски кој е поранешен репрезентативец на Македонија со сто настапи за националниот тим одново ќе биде селектор на Македонија, откако претходно ја водеше Македонија како в.д. селектор на мечот против Литванија кој го доби Македонија со минимални 1:0 во Скопје.

На денешната прес-конференција Седлоски истакна дека за него ова е голема чест и најголема одговорност во кариерата, свесен е за очекувањата, а од тимот ќе бара максимален ангажман, храборост и желба за секој меч. Новиот селектор дополнува дека верува во квалитетот на фудбалерите, убеден дека ФФМ ќе ги даде најдобрите услови, а со поддршка како што вели Седлоски од најблискиот тим како Пандев, Новески, Ибраими и Најдоски ќе направат успех за националниот состав.

Седлоски го очекува жешко селекторско столче – веднаш ќе се соочи со Данска во првиот полуфинален меч за пласман на Светското првенство 2026 година, а доколку го добиеме мечот во Копенхаген ќе играме против подобриот од дуелот меѓу Чешка и Ирска.

Познат е и составот на стручниот штаб на Гоце Седлоски, кој како прв асистент ќе го има Борче Христов, втор асистент ќе биде Ерхан Селими, а пак Гого Јовчев ќе биде тренер на голманите.

Инаку Седлоски ќе има договор од две години, со опција истиот да се продолжи на нови две години, а притоа до јуни мечец ќе го води и Вардар, а тоа е така како што истакна и претседателот на ФФМ, бидејќи не сакаат да направат штета кон клубот, а како што беше случајот претхдоно и со Горан Станиќ.

Александар Ванев, М-Нет