Гостивар не се шегува: Денес го промовираше и Фахрудин Ѓурѓевиќ

Второлигашот Гостивар не се шегува и во зимскиот трансфер период е најактивен клуб. Денес, во првиот ден од Новата година, го промовираше и Фахрудин Ѓурѓевиќ.

30-годишниот напаѓач со прволигашко искуство доаѓа од редовите на Македонија Ѓорче Петров, каде што сезонава одигра 11 натпревари поминувајќи 546 минути на фудбалски терен, при што постигна еден гол и забележа една асистенција.

Гостивар сериозно работи на квалитетно засилување на тимот со што во пролетниот дел сака сигурно да влезе во борбата за директен и сигурен влез во Прва лига.

Инаку, Ѓурѓевиќ е петто зимско засилување, а во својата кариера има нстапувано и за Вардар и Работнички во Македонија, додека пак на меѓународната сцена беше дел од Спартка (Србија), Звијезда (Бих) и Варнсдорф и Храдец Кралове во Чешка.

Претходно, Гостивар се засили со Симеон Христов, Рејан Абази, Гордијан Христовски и Фисник Зука.