
Денес се комплетираше првата фаза од Купот на Македонија, откако се одиграа трите одложени Куп натпревари. Прволигашот Гостивар со 3:1 лесно славеше над второлигашот Победа.
Ивановски и Машике во првиот дел погодија за 2:0 на полувреме. Во вториот дел Ајдини погоди за 3:0, а во 69. минута Ѓурчиновски постигна гол за 3:1.
Прволигашот Воска Спорт потешко од очекуваното стигна до следна фаза од Купот откако со 0:2 славеше над Башкими во Гостивар со погодоците на Ибраими во 85. минута и Клинтон во 96. минута.
Македонија ЃП преку пенали се пласираше во следна фаза од Купот на Македонија откако во дуелот со Беласица во Струмица во регуларниот дел резултатот беше 2:2.
Стојанов беше двоен стрелец за Беласица, а Маркоски и Велкоски постигнаа погодоци за гостинскиот тим.
Јовов, Христовски Војнески и Глигоров беа сигурни од белата точка во пелан серијата, а капитенот Милушев биеше над голот, за „лавовите“ сигурни беа Христов, Велкоски, Стојчевски, Темелков и Размоски.
Александар Ванев, М-Нет