
Младиот штипски каратист Марко Џорлев, кој го освои златниот медал на Светската младинска лига во Пореч, Хрватска, испиша уште една голема историја.
Џорлев е првиот Македонец кој освои злато на Светската младинска лига, но притоа штипјанецот стана и прворангиран каратист во светот на листата од страна на Светската карате федерација, што е огромно признание за сите негови успеси кои ги прави изминатиот период.
„Освен вие М Нет телевизија новинарите малку го занемерија овој податок, но ова е навистина многу голема работа. Значи од цел свет сите што се од 14 до 16 години од 57 до 63 килограми во мојата категорија сите каратист од цел свет од сите јас сум моментално рангиран прв во светот. Ова не е резултат само на овој златен медал, лани освои бронза учествував на Светска младинска лига во Италија, учествував на Европско првенство бев петти и сега со овој златен медал успеав да се искачам на самиот врв. Ова е навистина многу тешко достижно и многу голем успех за мене, за мојата фамилија, за градот Штип, за цела Македонија бидејќи моментално сум единствен македонски каратист што е прворангиран во светот. Исто така морам да напоменам дека јас сум прв Македонец во историјата, значи испишав историја со овој златен медал, бидејќи Светската младинска лига во Пореч се одржува веќе десеттина години, јас сум прв Македонец кој освои златен медал“, вели Џорлев во гостувањето во Трибина на М Нет телевизија.
Ова е историја, Џорлев е премногу среќен и вели дека во иднина ќе докаже дека не е случајно на врвот.
„Тоа е историја која исто така ја испишавме. Прво рангиран во светот е навистина нешто најдобро. Сега тоа не ми дава за право да се опуштам бидејќи тоа ми дава напротив мотивација со што повеќе победи и учества на наредните турнири што подолго да го задржам на првата позиција и да докажам да не е случајно и дека навистина заслужувам да сум на врвот на светот“, дополни Џорлев.
Марко Џорлев кој гостуваше во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија, истакна дека следува период на краток одмор, а потоа ќе се фокусира на следните предизвици. Џорлев е гордост не само на Штип, туку на цела Македонија.
Александар Ванев, М-Нет