
Изминатиот викенд пеливанскиот клуб Дејан Митров учествуваше на два Меѓународни турнири во Велес и Тетово каде беа постигнати големи резултати.
На турнирот во Велес учество земаа натпреварувачи од Македонија, Турција и Косово, а конкуренцијата на истиот беше на завидно ниво.
Веќе во неделата пеливанскиот клуб на Дејан Митров настапи на Меѓународен турнир во Тетово, каде настапуваа натпреварувачи од Македонија, Косово, Албанија и Турција.
Интересот за овој спорт во западна Македонија е голем, а истиот се зголемува и во источниот дел на нашата држава.
Александар Ванев, М-Нет