
Природата има билки во изобиле и можност пчелите да прават мед. На светскиот ден на пчелата – 20 мај, пчеларите велат дека за нив годината сега почува. Но, во поглед на почетокот не ветува многу будејќи има доста дождливи денови па пчелите го јадат она што го собрле.
„Годината само што започна во поглед на пчеларството, не ветува многу, но ние пчеларите се уште имаме надеж. Во моментот во природата има изобилие на билки кои цветаат, даваат нектар. Пчелите собираат, немаат потреба од наша помош, меѓутоа има и дожд па мора да се хранат од она што е соберено.“ – вели Илиева.
Александра Илиева од Радовиш веќе 23 години се занимава со пчеларство. Вели тешко е, но ако се има доволно љубов и посветеност кон она што се работи во тој случај успева и пчеларството. Вели расте интересот кај младите за одгледување пчели, но сепак тој е поголем кај повозрасните граѓани.

„Оваа дејност може да се каже дека е тешка, но за да се занимава некој со пчеларство пред се треба да има огромна љубов спрема пчелите. Младите имаат интерес бидејќи во моментот има голема реклама за пчеларството, ама повеќе има интерес кај повозрасните кои заминуваат во пензија и тие се пронаоѓаат во пчеларството како хоби како дополнителен проход.“ – додава Илиева.
Ако пчелите се одгледуваат на соодветен и за нив прифатлив начин тогаш тие даваат доволно мед, и немаат потребс од прехранување, вели Илиева.
Меѓународниот ден на пчелата се слави на 20 мај, роденденот на Антон Јанша, основоположникот на модерното пчеларство.
Лаура Стојанова, М-Нет