Годинава ќе започне изградбата на резервоар Каваклија во Штип, а ќе заврши изградбата на резервоарите Пребег и Мери

Високите зони во Штип ова лето нема да имаат проблеми со водоснабдувањето и нискиот притисок на вода. Интезивно се работи на изградба на резервоарот Пребег и резервоарот Мери во Штип со што ќе се овозмжи дополнителна капацитетност за водоснабдување на град Штип со нешто повеќе од две илјади кубици вода. Парите се обезбедни преку самопридонесот во вредноост нешто помалку од еден милион евра. Дополнително оваа година се очекува да започне и изградбата на резервоарот Каваклија.

„Со којшто исто така ќе се зголеми капацитетноста на друг реон од градот, тоа е Суитлак, Каваклија, Деснаци, затоа што досега овде капацитетноста и водоснабдувањето се решаваше со постоечки резервоар. Во изминатата година на територија на Општина Штип се реализираа два крупни проекти, тоа е линија ниска зона која се промени со нова водоводна линија во должина од 1,2 километри и Линија 2 во должина од три километри“ – вели Јорданов.

За изградбата на резервоарот Каваклија се обезбедени 200 илјади евра, со што се очекува оваа година да биде завршен и да нема проблеми со водоснабдувањето и во реонот на Суитлак, Деснаци и Каваклија.

„Изградбата на резервоарот Каваклија чини 200 илјади евра. Очекува оваа година да бидат реализирани, поторшени, затоа што со овој резервоар преку Министерството за животна средина аплициравме во насока на изградба на овој резервоар.

Освен ова се работи и на секундарната водовдна мрежа, а преку Министерството за транспорт и врски е распишан вториот повик преку кој се опфатени изградба на нови водоводи мрежи во викенд населбата Плуждино, индустриската зона Плуждино. До летоска треба да биде завршена и водоводната и канализациона мрежа во новата наслеба во Три Чешми.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет