Годинава јубилејно петто издание на Меѓународиот натпревар на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип

И оваа година традиционално ќе се одржи Меѓународниот натпревар на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип. Во периодот од 11 до 18 април, ќе се натпреваруваат учесници од Македонија, но и од странство во неколку категории. Воведени се и низа новости во одржувањето на јубилејното петто издание на Меѓународниот натпревар, со тоа што наградите ќе бидат парични.

„Оваа година е еден вид јубилеј петта година по ред. Со дисциплините веќе се запознени нашите колеги, станува збор за класична музика, поп и џес, теоретски делови и традиционални инструменти. Оваа година иамме новости околу наградите, гранд при наградата ќе биде парична и лауреатот.“ – вели Кавраков.

Гости од Србија, Бугарија, Албанија, Словенија , Црна Гора е предвидено да бидат дел од петтиот меѓународен концерт на музичкото училиште. Оние учесници кои не можат да присуствуваат физички имаат можност да бидат дел од концерот и он лајн. Соработка има со минимум десет држави кои ќе присуствуваат на овој натпревар.

„Започнува на 11 април со теоретски предемети, отворањето ќе биде со концерт. Ќе се одвива на неколку локации во нашиот град, во Безистенот, во нашето училиште, на Музичката Академија.“ – вели Кавраков.

Организацијата на Меѓународниот натпревар е во целост на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип.

Лаура Стојанова М-Нет