
По прес конференцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, пред два дена во врска со пристапниот пат до модулараната ковид болница, потрошените средства за патот и неговото распашање за речиси десетина дена од асфалтирањето, денеска со одговор излезе и директорот на Клиничка болница Штип, Ален Георгијев.
„Повод за денешниот прес се спетаклите снимени од опозицијата токму на ова место каде е пристапниот пат до модуларната болница и нивните обвинувања за наводни криминали и профитерство во врска со изградбата на овој пат. Прво ние овде не градевме автопат туку градевме пристапен пат за модуларната болница и оној дел од патот кој што го користат болничките комбиња за транспорт на болни пациенти релативно изгледа океј, но но ова место кое заради промена плановите на КБ и префрлање на техничкиот дел на болницата на оваа страна од патот, почнаа тешките камиони да поминуваат по оваа траса каде има серизони оштетувања. “ – кажа Георгијев.
Георгијев истакна дека тендерот бил јавно распишан и дека е добиен од страна на компанија која понудила најниска цена.
Обвинувањата за профитерство и криминал од страна на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип не држат вода, според Георгијев, кој додаде дека предвреме е започната нивната предизборна кампања.
Лаура Стојанова М-Нет