
Второлигашот Беса од Добри Дол промовираше три нови засилувања за пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига.
Беса во моментот е во Аланија, Турција каде ја одработува главната фаза од подготовките за продолежнието од шампионатот.
За пролетниот дел Беса ги промовираше Зани Назифи, Ерсин Шабани и голманот Албан Мифтари. Нафизи и Шабани доаѓаат од редовите на Шкендија, додека пак Мифтари од редовите на албански Билис.
Беса откако го назначи Александар Таневски за нов шеф на стручниот штаб забележа серија позитивни резултати и есенскиот дел го заврши на седмото место на табелата со 21 бод. Пролетниот дел Беса го отвара на домашен терен против Каменица Саса од Македонска Каменица.