
Во Штип се одржа меморијален турнир во чест и спомен на Дамјан Танески, млад спортист кој животот го загуби во големата трагедија во Кочани, кога на тој кобен 16 март страотниот пожар во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 63-те ангели.
Танески беше млад фудбалски голман, кој започнува во Мал Ајакс од Штип, а беше дел од младинските категории на скопски Вардар, Брегалница и Кит Го од Пехчево, пред Даме беа големи соништа, имаше живот пред себе, се радуваше на секој нов ден и веруваше во добринат на овој свет, но тој свет се сруши на кобниот 16 март 2025 година.
Со многу емоциии сите другари, пријатели и соиграчи на Даме се собраа на едно место и заедно заиграа за својот ангел.
ИЗЈАВА 747G4582 00:16 (учесници соиграчи) до 02:05 (човек)
Даме беше млад и талентиран голман, пред кој престоеше блеската кариера, но сите соништа застанаа на тој кобен 16 март, кога животот го загуби во големата трагедија во Кочани. Даме нема никогаш да биде заборавен, неговите другари, пријатечи, соиграчи ќе го носат неговиот ведар дух на секој натпревар, а секој победа ќе ја посветат за нивниот прерано заминат ангел.
Александар Ванев, М-Нет