Срушен дневниот рекорд на вакцинирани граѓани во штипскиот вакцинален пункт

Поставен рекородот на масовна имунизација во салата „Јордан Мијалков“ во Штип. Во текот на вчерашниот ден вакцинирани над 1500 граѓани. Интересот постојано расте, старосната граница се намалува, а се вакцинираат и лица од критичната инфраструктура.

„Во текот на вчерашниот ден се вакцинирани 1570 граѓани, а старосната граница е симната и сега се вакцинираат лица над 60 години и оние со хронични болести“ – истакна Координаторот за вакцинација, Дијана Коцева Миленкова.

За денеска закажани се околу 1400 термини за лица кои сакаат да примаат вакцина.

Со почетокот на масовната имунизација на населението во Штип, предвидено беше да се вакцинираат од 1000 до 2000 лица дневно. Откако неславно помина првиот ден, бројот на лица кои чекаат да бидат вакцинирани се зголемува.  

Инаку досега во државата се аплицирани вкупно 145,043 дози вакцини а ревакцинирани се 23,862 граѓани. Лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата вакцинација.мк е 303,574 граѓани.

Лаура Стојанова М-Нет