Во тек е 19тиот по ред Петровденски турнир во мал фудбал во Општина Кочани

Во тек е 19 тиот по ред Петровденски турнир во мал фудбал во Кочани. Со цел младите деца да се навикнат да спортуваат и да го практикуваат тоа секоја година пред празникот Петровден кој го слави Општина Кочани се организира турнир во мал фудбал. Годинава се пријавени 14 екипи, а речиси секојдневно се одигруваат по три натпревари.

„Овој е 19 по ред Петровденски турнир во мал фудбал, со тоа ја одржуваме традицијата, ги повикуваме малдите да спортуваат, а со самото учество на 14 екипи мисијата мислам дека е успешна и се надеваме дека ќе продолжи уште многу години“ – кажа Сашко Иванов, Претставник на Општински фудбалски сојуз

За првите три освоени места на овој турнир се обезбедени парични награди, а истовремено награди ќе се доделуваат и за најдобар стрелец, најдобар играч и најдобар голман.

„Значи имаме пријавено 14 екипи. Наградниот фонд е 60 илјади денари за прво место, 30 илјади денари за второ место и 15 илјади денари за трето место. Меѓутоа има и други награди како награди за најдобар стрелец, за најдобар играч и најдобар голман.“ – истакна Иванов.

Оваа година петровденскиот турнир во мал фудбал започна на 18 јуни и е во организација и потрковителство на Општина Кочани, а како коорганизатор се јавува Општинскиот фудбалски сојуз Кочани.

Лаура Стојанова М-Нет