Во тек е урбанизација на населбата „Три чешми“ Штип

По започнувањето на урбанизацијата на населбата „Три чешми“ во Штип, денеска градоначалникот Николов изврши увид во работењето на комуналните претпријатија, кои поставуваа бекатонски патеки во паркот во населбата како и работа на асфалтирање на неколку улици.

„Се работи на терен, има поставување на бекатонски патеки кои ќе бидат како шеталиште во самата паркова површина во оваа населба, и ќе има човек задолжен за одржување на зеленилото, реквизитите, така да се обидуваме урбаната средина да ја донесеме во руралните средини со што ќе го подигнеме и моралот и желбата кај луѓето да се враќаат во руралните средини“ – истакна Николов.

По осум девет години пуштена и е браната во населбата „Три чешми“ којашто ја снабдува целата населба со техничка вода е во функција. Општина Штип работи на распишување на тендерите и планови за реконструкција и рехабилитација на повеќе улици. Околу 20 милиони денари Општина Штип ќе инвестира во рехабилитација и реконструкција на улиците.

Се работи и на реконструкција на други улици низ општината како и поставување на водоводна линија во населба „Суитлак“ во Штип, која од викенд населба преминува во сериозно голема населба во Штип, па општината треба и мора да ги исполнува барањата на граѓаните, како и инфраструктурата.

Лаура Стојанова М-Нет