Во недела ќе се одигра „мајсторката“ меѓу Ангели и Соколи – победникот оди во финале и во Прва лига!

Во недела ќе биде одигран третиот натпревар или „мајсторката“ меѓу Ангели и Соколи, меч кој ќе решава кој да патува во финалето, но и да обезбеди влез во Првата кошаркарска лига на Македонија.

На првиот меч екипата на Ангели на домашен терен беше убедлива, но во вториот меч Соколи ја поправи играта и пред својата публика во спортската сала „Јордан Мијалков“ го доби мечот и така обезбеди трет меч односно „мајсторка“.

Натпреварот меѓу Ангели и Соколи ќе се игра в недела од 18 часот во спортската сала „Независна Македонија“ во Скопје.

Победникот од овој меч ќе патува во финалето каде ќе игра против Маџари за шампион на Втората лига, но едно е сигурно, без разлика на исходот во финалето и двете екипи ќе патуваат во Прва лига. Маџари веќе обезбеди историско учество во Првата кошаркарска лига, а сега Ангели и Соколи ги дели еден меч од Прва лига.

Александар Ванев, М-Нет