
На 30.03.2021 во периодот од 17.00 до 21.00 часот, полициски службеници од ОВР Кочани, во содејство со шумска полициј,а на влезот на с. Зрновци, кочанско, откриено е патничко моторно возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од О.З.(32) од с. Зрновци, кој превезувал нежигосани огревни дрва даб и бука. Возилото и дрвата биле одземени од шумската полиција. Се работи на комплетирање на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.